Бизнис вести

Министерството за финансии ќе се задолжи за 24 милиони евра

Со ова задолжување кај домашните кредитори ќе се враќа стар долг

понеделник, 22 јануари 2018

Министерството за финансии утре ќе се задожи кај домашните кредитори за речиси 24 милиони евра. Тоа ќе биде второ задожување оваа година. Од Министерството појаснуваат дека со овие пари ќе се врати стар долг.

Заемите, како и враќањето на долговите се објавени на календарот на Министерството за финансии. Според тој календар, предвидени се 12 задолжувања на домашниот пазар преку издавање државни хартии од вредност, како и два пати во текот на месецот аукции на државни записи и на државни обврзници.
 

Содржината е прочитана 140 пати.