Инфо

Обвинителството отвора истрага против „Дрисла“

Основното јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик

петок, 12 јануари 2018

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за работењето на санитарната депонија „Дрисла“ и нејзиното влијание врз животната средина. Од Обвинителството информираат дека по допрен глас е отворен предмет за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик.

„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ‘Дрисла’– Скопје ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, се вели во соопштението од Обвинителството.
 

Содржината е прочитана 104 пати.