Инфо

Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

На 48.годишен состанок ќе бидат презентирани проекти на тема „Креирање заедничка иднина во поделениот свет“

петок, 12 јануари 2018

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев ќе учествува на Светскиот економски форум што ќе се одржи на 25 и 26 јануари во Давос, Швајцарија.

Проектите и програмските иницијативи кои ќе бидат презентирани на 48. годишен состанок на Светскиот економски форум се на тема „Креирање заедничка иднина во поделениот свет“.

„Светскиот економски форум е меѓународна организација која на светско ниво работи на воспоставување модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата“, се вели во соопштението од владината прес-служба.
 

Содржината е прочитана 85 пати.