Бизнис вести

Кочо Анѓушев ја продава групацијата ЕДС на Грчкото електростопанство

Грчаката национална компанија за производство на електрична енергија - ППЦ потпиша писмо на намери за купување на ЕДС во пакетот со сите подружници во Југоисточна Европа.

петок, 12 јануари 2018

Грчката националнаа компанија за производство на електрична енергија Public Power Corporation - PPC, (ППЦ) потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС, која е во сопственост на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. ЕДС во пакет ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. Со оваа одлука грчката компанија го проширува своето портфолио и влегува во бизнисот со трговија за електрична енергија и за првпат ќе работи во овој сегмент од пазарот за електрична енергија.

Засега не е познато за која сума е продадена групацијата ЕДС, но оттаму потенцираат дека продажбата се прави согласно законите во Македонија.

„Преносот на удели е процедура којашто ќе се изведе согласно законите во нашата земја, вклучително и обезбедувањето одобрение од Комисија за заштита на конкуренција. По завршувањето на сите процедури, ППЦ во целост ќе го преземе менаџирањето на ЕДС“, велат од компанијата на Анѓушев.

Инаку, ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра. Основната дејност ѝ е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7,3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85 проценти. ППЦ е сопственик и на ХЕДНО – Операторот на Дистрибутивната Мрежа во Грција и ППЦ Обновливи извори – една од компаниите пионери во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори.
 

Содржината е прочитана 234 пати.