Инфо

ПОЦ отвори посебна телефонска линија за пријавување непрописно паркирани возила

Граѓаните ќе можат да ги пријават автомобили паркирани на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број 077 410 002

среда, 10 јануари 2018

Општинското јавното претпријатие за паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) отвори посебна телефонска линија за пријавување автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број 077 410 002. По добивање на повикот, Пајак службата на ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

„Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потреби да алармираат на бројот 077 410 002 кај нашите служби. Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално да функционираат и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно”, рече в.д. директорот на ПОЦ, Вангел Андрески.

Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“, која има за цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.
 

Содржината е прочитана 48 пати.