Инфо

Активности на женскиот актив од Малме, Шведска со децата од дијаспората за дочекот на Новата 2018 година

вторник, 09 јануари 2018

Во културно спортското друштво „Македонија“ во Малме, Шведска членките од женскиот актив направија уметничка работилница со децата од дијаспората, изработувајќи различни новогодишни фигури од хартија и други материјали, коишто ги претставија изложбено во просториите на друштвото.

Беше организирана и посета на Дедо Мраз кој ги пофали вредните раце на дечињата и им подели подароци- донирани од членките на активот.Оваа прекрасна предновогодишна дружба им овозможи подобро да се запознаат и да продолжат да се дружат во Новата годна.

Во рамките на предновогодишните активности, направени се и интернационални средби со гости на клубот од различни етникуми, пришто друштвото „Македонија“ се претставува со свои кулинарски рецепти кои традиционално потекнуваат од нашето поднебје.

Известува: Лилјана Стоилковска-Андовска од Малме, Шведска
 

Содржината е прочитана 257 пати.