Бизнис вести

Одобрена е првата гринфилд инвестиција вредна 5 милиони евра

Ова е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот План за економски раст

петок, 05 јануари 2018

Владата на вечерашната седница се согласила со Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1, со Друштвото за трговија, услуги и производство „Џемдаг Лајтинг Еуропа“. иНвестицијата е вредна пет милиони евра и предвидува 100 нов вработувања.

Од владините служби потенцираат дека станува збор за прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот План за економски раст, што беше промовиран непосредно пред Нова година.
 

Содржината е прочитана 257 пати.