Бизнис вести

Данските банкари предвидуваат пад на еврото во 2018 и појава на нова силна валута

Покрај големи економски кинески трендови, се предвидува и женска доминација во бизнисот

четврток, 04 јануари 2018

Данските банкари за 2018 година предвидуваат катастрофален пад на еврото, згаснување на биткоинот и појава на нова силна валута и кинески економски трендови. Но, и женска доминација во бизнисот.

Мирот ја собра енергијата за невероватен и целосен потрес во 2018 година", сметаат во данската инвестициска онлајн банка „Saxo bancа“, која цели 15 години по ред објавува свои предвидувања за годината што доаѓа.

Така, банкарите од Копенхаген предвидуваат дека кинескиот интернет гигант – транснационалната корпорација „Tencet holding“ ќе стане најголем во светот: веќе сега нивните акции се удвоиле. Застрашувачко е нивното неодамнешно претворање во пари (јавна понуда), месинџер „We Chat“ кој има милијарда корисници месечно.

Макростратегот од „Saxo bancа“, Кеј ван Петерсон со бројки докажува дека 2018 година ќе биде последна среќна за биткоин, по што оваа валута ќе стане минато. Ќе го угасне Кина, каде што ќе се појави криптовалута и забрана на други слични дигитални активи. Освен тоа, овој стратег вели дека Кина е најголем лидер меѓу увозниците на нафта и оти ќе започне да склучува нафтен договор исклучиво во јуани. Па така, ќе се појави нова валута – петро јуан.

Од друга страна, пак, Данците прогнозираат дека во 2018 година еврото ќе го заврши својот последен пробив напред, со катастрофален пад. Иста, дури и полоша судбина го чека и јапонскиот јуан. Но, јужноафриканската валута ренд, ќе стане лидер во пораст меѓу валутите на земјите во развој и ќе се доближи до јуанот и еврото.

„Saxo bancа“ прогнозира дека Зимбабве ќе ја поврати славата на „африканска житница“, а животот на африканскиот континент ќе се подобри во целост.

Според банкарите од Копенхаген, добро е што бизнисот полека, но сигурно преминува од мажите кај жените. Главниот економист во банката, Стин Јакобсен тврди дека бројот на жени во светот на бизнисот расте со геометриска прогресија.


 

Содржината е прочитана 309 пати.