Бизнис вести

Во септември лани блокирани вкупно 112.491 сметки

Од вкупнот број блокирани сметки 80.870 се сметки на граѓани, а останатите се на правни лица

среда, 03 јануари 2018

Безмалку половина од активните фирми во државава имале блокирани сметки во периодот јануари – септември 2017 година. Односно, од вкупно 71.519 деловни субјекти колку што биле активни, на 31.621 фирма им биле блокирани сметките.

Според податоците на Народната банка, заклучно со септември 2017 година имало вкупно 112.491 блокирана сметка. Од нив 80.870 се сметки на граѓани, а останатите се на правни лица.

Вкупната бројка е речиси идентична со податокот од септември 2016 година кога имало 112.612 блокирани сметки.
 

Содржината е прочитана 156 пати.