Бизнис вести

Новото задолжувања на домашниот финансиски пазар во 2018 ќе биде до 5.5 милијарди денари

Владата донесе одлука за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност

петок, 29 декември 2017

Владата донесе одлука максималниот износ на новото задолжување со издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година да изнесува 5.454.000.000 денари.

Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно Календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност што го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува, во согласност со Буџетот за 2018 година и врз основа на Законот за јавен долг.
 

Содржината е прочитана 160 пати.