Бизнис вести

Македонија има најниска, Словенија највисока плата во регионот

Просечната плата во Словенија во октомври годинава била 1.056,47 евра, а во Македонија 381,90 евра

четврток, 28 декември 2017

Словенија има највисока просечна плата во регионот, а Македонија најниска. Просечната плата во Словенија во октомври годинава била 1.056,47 евра, додека во Македонија 381,90 евра, објави „Анадолија“.

Во Хрватска просечната плата изнесувала 795,53 евра, во Црна Гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра и во Србија 396,29 евра.

Во текот на оваа година најголем раст просечната плата имала во Хрватска каде пораснала за 45,83 евра, а најмал во Црна Гора, само за осум евра. Во Словенија во текот на 2017 година просечната плата била зголемена за 36,07 евра, во Србија за 26,59 и во Македонија за 18,10 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија, просечната плата во октомври изнесувала 23.356 денари, а просекот за првите десет месеци од годинава 22.808 денари.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 164 пати.