Бизнис вести

Во 2018 ќе трошиме повеќе нафта и струја

Енергетскиот биланс за наредната година предвидува да биде потрошено за 2,7 отсто повеќе финална енергија од годинава

среда, 27 декември 2017

Македонија во 2018 година ќе потроши за 2,7 отсто повеќе финална енергија од годинава, предвидува Енергетскиот биланс за 2018 година. Повеќе од половина, или 51,5 отсто од потрошената енергија отпаѓа на нафтените продукти, додека електричната енергија учествува со 28 проценти, биомасата со 10,5 и јаглените со 5,3 отсто.

На седницата на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) беше потенцирано дека најголем дел од вкупната потрошувачка на енергија носи сообраќајот, 39 проценти, индустријата апсорбира 27 проценти, домаќинствата 26 отсто, додека комерцијалниот и услужниот сектор пет, а земјоделството само еден отсто од вкупната потрошувачка на финална енергија.

Производството на електрична енергија во 2018 година се предвидува да изнесува 5.766 гигават часови, што е за три проценти повеќе од годинава, а предвидените потреби од енергија се за два проценти пониски во однос на 2017 година Се очекува наредната година нето увозот на електрична енергија да учествува со осум отсто.

 

Содржината е прочитана 188 пати.