Бизнис вести

Македонија е на 63.место во светот според условите за водење бизнис, најдобра земја е Велика Британија

На листата на американскиот магазин „Форбс“ најдобро рангирана држава од регионот е Словенија која с енајде на 32.место

вторник, 26 декември 2017

Македонија е 63-та земја во светот според условите за водење бизнис во 2017 година, додека најдобра држава е Велика Британија и покрај несигурноста што произлегува од Брегзитот.
На ранг листата земји во светот, што секоја година ја изготвува американскиот магазин „Форбс“ има 153 држави рангирани според измерени 15 различни сегменти на развој на бизнисот, меѓу кои се даноци, лична и економска слобода, бирократија, права на сопственост, иновации, корупција, технологија, трговска и монетарна слобода и заштита на инвеститорите.
Според „Форбс“, втора најдобра земја за видење бизнис е Нов Зеланд, трета е Холандија, па следуваат Шведска на четврто и Канада на петто место.
Од земјите од регионот пред Македонија се две држави. Најдобро рангирана е Словенија на 32. место, а втора е Хрватска која се најде на 51. место. Црна Гора е рангирана како 68-ма, Србија е на 69-то место, Албанија на 71-во и Босна и Херцеговина на 97-мо место.
На дното на листата се Авганистан кој е на 150. место, Хаити на 151, па Гамбија како 152-ра и Чад како последна 153-та држава.
 

Содржината е прочитана 174 пати.