Бизнис вести

Горивата поскапуваат за половина денар

Според Регулаторната комисија за енергетика цените се зголемуваат во просек за 1,10 проценти

понеделник, 25 декември 2017

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 1,10 проценти, со што од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините и на дизелот се зголемуваат за половина денар, додека на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 68 денари, на Еуродизелот 55 денари, а екстра лесното масло за домаќинства ќе се продава по 44 денари литар.

Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 198 пати.