Бизнис вести

Доделени наградите за најдобри веб-сајтови од одржаната манифестација „Сајт на годината“ за 2017 година

понеделник, 18 декември 2017

Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 16.12.2017 г. беа доделени наградите „Сајт на годината“ за 2017 година.

Манифестацијата се одржа осма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје и Кожувчанка ДОО Кавадарци.

Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија, и за најдобар сајт го избраа lyoness.mk. Добитниците во останатите категории се следните:

Најдобра мобилна апликација

Трето место: NLB mKlikMakedonija
Второ место: MojVozduh
Прво место: Grouper

Храна и Здравје

Трето место: coolinari.mk
Второ место: mamasfood.mk
Прво место: gotvi.mk

Мода и Убавина

Трето место: reborn.mk
Второ место: ubavinaizdravje.mk
Прво место: divianarts.com

Автомобилизам

Трето место: avtoportal.mk
Второ место: mercedes-benz.com.mk
Прво место: krug.mk

Туризам и Угостителство

Трето место: aurora.com.mk
Второ место: savanaonline.com
Прво место: exploringmacedonia.com

Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување

Трето место: silkroadbank.com.mk
Второ место: winner.mk
Прво место: credissimo.mk

IT и Електроника

Трето место: It.mk
Второ место: setec.mk
Прво место: neptun.mk

Најдобар сајт за владини/државни институции

Трето место: krivapalanka.gov.mk
Второ место: fitr.mk
Прво место: rsbsp.org.mk

Најдобар сајт за невладини организации

Трето место: dajtenikrilja.mk
Второ место: lgbtunited.org
Прво место: ckrm.org.mk


Образование, Наука и Култура

Трето место: mob.mk
Второ место: kupikniga.mk
Прво место: fakulteti.mk

Е-трговија и огласи

Трето место: pazar3.mk
Второ место: lyoness.mk
Прво место:grouper.mk

Најдобар корпоративен сајт

Трето место: cineplexx.mk
Второ место: ledikom.mk
Прво место: vrabotuvanje.com.mk

Најдобар мобилен сајт

Трет оместо: grid.mk
Второ место: karti.com.mk
Прво место: grouper.mk


Најдобар блог

Трето место: karas4training.com
Второ место: blog.literatura.mk
Прво место: blog.brainster.co

Спорт

Третоместо: sportski.mk
Второ место: karas4training.com
Прво место: gol.mk

Забава

Трето место: panika.be
Второ место: edennaeden.mk
Прво место: motika.com.mk

Вести и информации

Третоместо: bizniskatalog.mk
Второ место: 24vesti.mk
Прво место: fakulteti.mk


Најдобар Сајт за 2017година

Третоместо: crnobelo.com
Второ место: grouper.mk
Прво место: lyoness.mk

 

 

Содржината е прочитана 636 пати.