Бизнис вести

Откажани повеќе летови од скопскиот аерoдром

Поради густата магла во текот на ноќта и утрото откажани се десетина слетувања и полетувања, а некои се пренасочуваат кон аеродромите во Охрид, Приштина и Софија

петок, 15 декември 2017

Поради маглата откажани се повеќе летови на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а некои се пренасочуваат кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија.

Во текот на ноќта и утрово откажани се дестина слетувања и полетувања. Од Скопје не полетаа авионите за Виена, Загреб, Ајдховен, Малта, Малме, Копенхаген и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“, додека авионот за Истанбул на компанијата „Пегасус“ полета со задоцнување од два часа.

Поради маглата немаше ниту слетувања. Така, не слетаа летовите од Виена, Малта, Ајдховен, Малме, Копенхаген, Сандефјорд и летот од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“. Летот од Истанбул до Скопје на компанијата „Пегасус“ доцнеше два часа, а летот од Ваксјо е пренасочен кон Приштина и авионот слета на приштинскиот аеродром во 4 часот и 40 минути.
 

Содржината е прочитана 146 пати.