Инфо

НА 14.12.2017 ГОДИНА ВО 18:00 ЧАСОТ АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА ВЕ ПОКАНУВА НА ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „НЕКОГАШ И СЕГА“

ИЗЛОЖБАТА ЈА ОТВОРА: М-Р ГОРАН САНЕВ – ВД ДИРЕКТОР НА АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА КООРДИНАТОРИ НА ИЗЛОЖБАТА: СТРАХИЛ ТЕМОВ И АЛЕКСАНДРА ЧЕВРЕСКА

четврток, 14 декември 2017

„Некогаш и сега“е изложба со едукативен карактер, во која се претставени десет теми од нашето секојдневие, во две паралели, од минатото и сегашноста. Избрани се најчесто употребуваните утилитарни современи предмети, и преку археолошките предмети е претставен нивниот развојот низ вековите. Тоа се чаши, бокали, чинии или светилкикои се појавиле и се користат од неолитот до денес, како и алатките за пишување, монетите, машките и женски тоалетни сетови, оружјето и детските играчки.

Веруваме дека ваквото претставување на предметите со иста функција, на сликовит и интересенначин ќе и доловат на публиката како предметите од минатото се претвараат во предмети од денешницата.

Плакатот за изложбата „Некогаш и сега“ е идејно решение добиено од детската работилницата која се одржа во рамки на манифестацијата „Недела на археологија 4“,во која учествуво земааученици од ликовната секција од основното училиште „11 Октомври“, од Скопје.
 

Содржината е прочитана 81 пати.