Бизнис вести

Домашните и странските инвеститори ќе имаат исти услови за инвестирање

Ќе се подготви закон со кој системски ќе се уредат прашањата за начинот и постапката за реализација на мерките за индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија

среда, 13 декември 2017

Владата на последната седница усвои информација со која се изедначуваат условите за инвестирање на домашните и на странските инвеститори. Условите ќе важати еднакво за сите инвеститори во ТИРЗ и за тие надвор од нив.

„Станува збор за информација што се усвои за потребата од донесување мерки на индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија, во рамките на планот за економски раст“, соопшти Владата.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека станува збор за активности во рамките на планот за економски раст, на кој Владата неколку месеци работеше во консултација и со дебата со сите економски фактори во општеството.

Владата го задолжи кабинетот на Анѓушев да формира работна група за подготовка на закон со кој системски ќе се уредат прашањата за начинот и постапката за реализација на мерките за индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија.

 

Содржината е прочитана 190 пати.