Бизнис вести

Горивата поскапуваат за половина денар од литар

Цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 66 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 67,5 денари, Еуродизел за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 43 денари за литар

понеделник, 11 декември 2017

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09, односно за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 67,5 денари, Еуродизел (Д-Е V) за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 43 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,02 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,333 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,03 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Содржината е прочитана 129 пати.