Бизнис вести

Владата размислува за дополнителна помош на малите фирми во руралните подрачја

Се уште нема одговор на барањето на текстилците да се замрзан тпридонесите за плата од 12.000 до 18.000 денари

понеделник, 11 декември 2017

Владата се уште не се изјаснила по барањето на тестилната индустрија да се замрзнат придонесите за плата од 12.000 до 18.000 денари. Министерот за финансии, Драган Тевдовски вели дека се размислува за нови мерки што би се однесувале за малите фирми во руралните средини.

„Размислуваме и за нови мерки и моментов сме во процес на анализа дали на некои во руралните подрачја дополнително да се помогне. Но, сметаме дека тоа што е направено со минималната плата, е успешно“, вели Тевдовски.

Здружението на текстилната индустрија и конфекција пред два месеци побара за плата од 12.000 до 18.000 денари да се плаќаат исти придонеси од 5.130 денари. Текстилците велат дека за нив никогаш не било проблем да се исплати минимална плата од 200 евра, но оти е проблем тоа што треба паралелно да ги зголемат останатите плати, како не би дошло до нивно изедначување. Доколку се замрзнат придонесите за минимална плата, тоа ќе овозможи да се зголемат платите кои се повисоки од 12.000 денари, а со тоа ќе се искорени и исплатата на плата во кеш. Ваквата мерка, доколку ја прифати Владата, треба да важи три години.

Од Кластерот за текстил велат дека зголемувањето на минималната плата би повлекло зголемување и до 30 проценти на масата за плати во овој сектор, што голем дел од текстилните компании не можат да го издржат. Но,

надлежните се убедени дека фирмите имаат капацитет да исплатат повисока минимална плата. Доказ за тоа, спроед нив, е фактот дека има мал интерес за државните субвенции.
 

Содржината е прочитана 127 пати.