Бизнис вести

Македонија меѓу 10 земји со најниски плати во Европа

Најсиромашна држава е Украина со просечна плата од околу 190 евра, а на листата се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија

понеделник, 11 декември 2017

Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра.

Според истражувањето на украинските стручњаци, по Украина, на листата најсиромашни европски земји втора е Молдавија со просечна плата од 216 евра, а на трето место е Азербејџан со плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Во првите 10 држави со најниски плати се најдоа Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија.

Според податоците на украинскиот центар, во Европа највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, во Исланд со 3.440 евра и во Норвешка со просечна плата од 3.405 евра.
 

Содржината е прочитана 140 пати.