Бизнис вести

Горан Трајановски е нов главен директор на Македонски телеком

Во одборот на директори влегоа и Сашо Велески, Анета Симеска Димоска, Замир Мемети и Дивна Јовковска – Ефтимоска

четврток, 07 декември 2017

Одборот на директори на Македонски телеком А.Д. на вчерашната седница го избра Горан Трајановски за извршен член на Одборот на директори како главен оперативен директор на друштвото.

Горан Трајановски, кој доаѓа на местото на разрешениот Жарко Луковски е кадар на владејачката партија. Тој беше член на Комисијата за информатичко општество, а беше и советник за телекомуникации и информатика во МВР во време кога Оливер Спасовски беше технички министер за внатрешни работи.

Во одборот на Македонски телеком влегоа и Сашо Велески како неизвршен член, Анета Симеска Димоска е назначена за неизвршен член, Замир Мемети кој е неизвршен независен член и Дивна Јовковска - Ефтимоска како независен неизвршен член.
 

Содржината е прочитана 104 пати.