Бизнис вести

Остварена вкупна добивка од 9,3 милијарди денари на Македонска берза

Најголеми добивки се остварени во банкарскиот сектор, потоа доаѓа телекомуникацискиот, па градежниот и фармацевтскиот сектор

четврток, 07 декември 2017

Според прегледот на финансиските податоци на сите 103 компании коишто котираат на Македонската берза, во периодот јануари – септември 2017 година е остварена помала вкупна добивка во однос на истиот период лани. Поточно, во овие девет месеци остварени се вкупни добивки во износ од 9.349.412.307 денари, додека во деветте месеци минатата година остварената вкупна добивка изнесувала 9.465.483.003 денари.

Затоа, пак, годинава се зголемени загубите. Вкупните остварени загуби на крајот на септември изнесуваат 721.212.757, додека лани биле 406.241.201 денари.

Според извештајот, најголеми добивки се остварени во банкарскиот сектор, потоа доаѓа телекомуникацискиот, па градежниот и фармацевтскиот сектор.

Меѓу првите пет компании со најголема остварена добивка во деветте месеци се Стопанска банка АД Скопје со добивка од 1,8 милијарди денари и НЛБ Банка АД Скопје со 1,5 милијарди денари. Следува Македонски телеком АД Скопје со остварени 1,1 милијарда денари, Цементарница Усје АД Скопје со 865 милиони денари и Алкалоид АД Скопје со остварена добивка од 553 милиони денари.
 

Содржината е прочитана 22 пати.