Инфо

Возачки испит ќе се полага од 17 години

Со законските измени се предвидува горната граница на важење на возачката дозвола да биде над 70, а не како што беше досега над 65 години

среда, 06 декември 2017

Се зголемува старосната граница за добивање возачка дозвола. Наместо на 16, во иднина тинејџерите ќе можат да полагаат возачки испит на 17 години. Горната граница на важење на возачката дозвола ќе биде над 70, а не како што беше досега над 65 години.

Ова се предвидува со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој се носи по скратена постапка.

Освен зголемување на возраста за стекнување право за оспособување за управување автомобил, со законските измени се предлага и бришење на критериумот тинејџерите да имаат одличен успех и примерно поведение.

Лицата над 70 години кои ќе сакаат да ја продолжат возачката дозвола, ќе подлежат на задолжителни контролни здравствени прегледи, а дозволата ќе им се издава со важност од три години.

Стручните раководители во автошколите нема да мора да поседуваат возачка дозвола за сите категории А, Б, Ц и Д, туку само за категориите за кои автошколата има лиценца.

Исто така, со законските измени се зголемува и старосната граница за управување со трактори и наместо од 16, како што е сега, со трактор ќе може да се управува од 17 години.
 

Содржината е прочитана 95 пати.