Бизнис вести

Од 1 јануари електронско поднесување пресметки за персонален данок на доход

Од 2019 година треба да почне издавањето пополнета годишна даночна пријава од страна на УЈП

среда, 06 декември 2017

Од 1 јануари 2018 година граѓаните ќе можат електронски да ги поднесуваат пресметките за персонален данок на доход, а од 2019 година треба да почне издавањето пополнета годишна даночна пријава од страна на УЈП.

Новата електронска алатка на УЈП, „е-персонален данок на доход“ е дел од едногодишен проект за реформи во Управата со кои се осовременува работењето во насока на пружање услуги со кои ќе се олесни обврската на граѓаните да пријавуваат данок. Како што рече министерот за финансии, Драган Тевдовски неопходните законски измени за овие реформи во УЈП се веќе изготвени и треба да бидат донесени до крај на годинава.

„Ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме рамо до рамо со модерните даночни администрации. Реформите во УЈП драстично ќе го намалат досегашното чекање пред шалтерите“, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска

Раководителот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини укажа дека реформите на јавните финансии се клучен чекор за подготовка на Македонија за членство во ЕУ.

„Фискалната транспарентност и зајакнатите јавни внатрешни контроли треба да бидат приоритет за националните власти“, рече Бертолини.
 

Содржината е прочитана 26 пати.