Бизнис вести

Расте бројот на граѓани кои тргуваат на Берзата

Вкупниот промет остварен на Македонската берза заклучно до ноември годинава изнесува околу 4,4 милијарди денари и има зголемување на прометот по сите основи

вторник, 05 декември 2017

Расте бројот на физички лица кои тргнуваат на Македонската берза. Статистичките податоци од Берзата покажуваат дека има зголемување на учеството на физички лица во куповната страна на прометот. А, позитивен тренд има и кај бројот на странски купувачи во однос на бројот на странски продавачи.

„Имаме пораст на странските купувачи, а пад на странските продавачи. Лани од куповна страна, странците учествувале околу 10 проценти, а годинава речиси 14 отсто, додека, пак, кај странские продавачи од 24 проценти, годинава имаме 21,5 отсто. Така што имаме добар тренд на помал нето одлив од домашниот кон надворешните пазари„, рече директорот на Македонската берза, Иван Штеријев.

Вкупниот промет остварен на Македонската берза заклучно до ноември годинава изнесува околу 4,4 милијарди денари и има зголемување на прометот по сите основи. Просечниот дневен промет во класичното тргнување изнесува 11,9 милиони денари, што претставува зголемување за околу 27 проценти. Зголемување има и кај тргувањето со акции за околу 55 отсто, а најголемо зголемување има кај блок трансакциите за околу 218 проценти.

Во однос на структурата на прометот, 58,9 проценти е тргување со котираните компании, а само 1,4 отсто од тргнувањето е со некотирани компании.
Вкупниот број на хартии од вредност што се тргнувале во 11-те месеци од годинава изнесува 132, што е на скоро исто ниво како лани.
Очекувањата на Македонската берза за 2018 година се позитивни.

 

Содржината е прочитана 135 пати.