Бизнис вести

За девет месеци „Тиквеш“ оствари приходи од над 1,1 милијарда денари

Остварената нето добивка на компанијата е за 23 проценти повисока од нето добивката во истиот период минатата година

вторник, 05 декември 2017

Винарницата „Тиквеш“ ја продолжува успешната приказна како на домашниот, така и на странските пазари. Најпознатиот македонски производител на вино и на ракија ги зголеми приходите од продажба во првите девет месеци од оваа година за 2,3 милиони евра во однос на истиот период лани. Поточно, од јануари до септември годинава оствари приходи од продажба повисоки од 1,1 милијарда денари, односно над 17,9 милиони евра, што е за 15 отсто повеќе отколку во првите девет месеци минатата година.

За овие девет месеци компанијата има нето добивка од 27,6 милиони денари, што е за 23 проценти повисока во споредба со нето добивката остварена во истиот период лани.

Најплоден период за „Тиквш“ годинава беа летните месеци од јули до септември, кога имаше продажба повисока од просечната во претходните два квартали. Во овој период се остварени приходи од продажба во висина од 379,4 милиони денари, односно околу 6,2 милиони евра. Повеќе од половината од нив, поточно 217,3 милиони денари се реализирани на домашниот пазар, додека приходите од продажба на странските пазари изнесуваат 167,5 милиони денари.

 

Содржината е прочитана 158 пати.