Бизнис вести

Градежништвото најмногу ги почувтсвува последиците од политичката криза

Градежниците очекуваат наредната година оваа стопанска гранка повторно да биде главент двигател на економијата

понеделник, 04 декември 2017

Долготрајното предавање на власта, како и административните пречки во носењето одлуки и решенија за реализирање на проектите, се главните причини за кризата во која се најде градежништвото оваа година. Од Стопанската комора на Македонија велат дека во изминатите девет месеци од годинава е намалено извршувањето на објектите, а оти намалување има и на договорените и на извршените работите и во странство. Сепак, градежниците очекуваат наредната година оваа стопанска гранка повторно да биде главен двигател на економијата.

„Последиците од политичката криза во голема мера се чувствуваат во градежништвото кое беше главен двигател на економијата во последните години и главен причинител на растот на БДП. Интензитетот на изградба согласно договорените работи во изминатите девет месеци од годинава не се намалува, но се намалува извршувањето. Посебно влијание врз вредноста на изведените работи имаше и тоа што во овој период имавме и намалени активности во делот на јавните набавки“, рече Андреа Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија.

Според него, критериумот најниска цена при јавните набавки, како и електронското спроведување на наддавањето се главна причина за недоволниот квалитет на иззведените објекти. Серафимовски смета дека дури 80 отсто од сите проблеми во градежништвото потекнуваат од критериумот најниска цена при јавните набавки.
 

Содржината е прочитана 167 пати.