Бизнис вести

Да се продлабочи соработката меѓу Македонија и ЕИБ

Премиерот Заев се сретна со претставници на Европската инвестициска банка со кои разговараше за вклучување на Банката во заштитата на животната средина

четврток, 30 ноември 2017

Да се продлабочи соработката со Европската инвестициска банка, освен во инфраструктурата и во подиректно зајакнување на капацитетите на малите и средни претпријатија во Македонија, како и во делот на заштитата на животната средина, пречистителни станици и станици за третман на отпад.
Ова било речено на средбата на премиерот Зоран Заев со Матео Ривелини, шеф на одделот за проекти на Европската инвестициска банка во Словенија, Хрватска и Западен Балкан и Дубравка Негре, шеф на регионалната канцеларија за Западен Балкан на ЕИБ.

Од секторот за односи со јавност на Владата информираат дека Заев ја потенцирал фокусираноста на Владата да обезбеди чиста и здрава животна средина за граѓаните.

„На државата ѝ се потребни капитални инвестиции што можат значително да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Исто така, определени сме да ги развиваме малите и средни претпријатија и кон поддршка на домашните и странските инвестиции. Соработката со ЕИБ е од големо значење во реализацијата на овие програмски определби и затоа во име на граѓаните на Македонија и на Владата изразувам голема благодарност за долгогодишната помош и поддршка што ја дава ЕИБ на нашата држава и за можноста да ја интензивираме соработката “, рекол премиерот Заев.

 

Содржината е прочитана 174 пати.