Бизнис вести

Кинеската компанија „Чајна енерџи“ ќе инвестира во енергетиката и транспортот во Македонија

Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје, најавиле учество во пет проекти

вторник, 28 ноември 2017

Компанијата „Чајна енерџи“ од Кина е заинтересирана да учествива во реализација на пет проекти во Македонија. Од Владата информираат дека премиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, на Самитот 16+1 што се одржува во Будимпешта се сретнал со потпретседателот на бордот директори на кинеската компанија, Динг Јанжанг и со други претставници на менаџментот.

„Од компанијата, која има отворено свое претставништво во Скопје, истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на Владата и најави учество во пет проекти. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките што следуваат во претстојниот период, особено во проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката“, соопшти владината прес-служба.

На средбата се разговарало и за новите владини политики за економски раст и привлекување нови инвестиции за кои, како што се вели во соопштението, претставниците на кинеската компанија покажале сериозен интерес.
 

Содржината е прочитана 195 пати.