Бизнис вести

Македонски и кинески компании склучија седум договори за трговија

Договорите се од секторите земјоделство, градежништво, автомобилска индустрија, проектирање и планирање

вторник, 28 ноември 2017

Вкупно седум договори за трговија склучија компании од Македонија и од Кина од секторите земјоделство, градежништво, автомобилска индустрија, проектирање и планирање. Зделките беа склучени на средбите во рамки на Економскиот и трговски форум на Самит на шефовите на Влади на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, што се одржува во Будимпешта.

„Договорите значат промоција, унапредување и зацврстување на билатералната бизнис соработка. За прв пат целиот бизнис-форум беше реализиран преку договорени средби на компаниите од НР Кина и од 16 земји од ЦИЕ. Како резултат на напорните четири месеци работа во изминатиот период, договорите се круна на остварената соработка. Ни следи голем проект за економска соработка со НР Кина и земјите од ЦИЕ со фокус на примена на високи технологии во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, животна средина“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори.
 

Содржината е прочитана 179 пати.