Бизнис вести

Бензините поевтинуваат, дизелот со иста цена

Бензинот од 95 октани за намалува за еден, а тој од 98 октани за 1,5 денари од литар

понеделник, 27 ноември 2017

Од полноќ поевтинуваат бензините за 1,2 отсто, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинства остануваат со непроменета цена.

Регулаторната комисија за енергетика најави дека бензинот од 95 октани поевтинува за еден, а тој од 98 октани за 1,5 денари. Со тоа, новата цена на Еуросупер БС–95 ќе биде 65,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС–98 ќе изнесува 67 денари литар. Еуродизел и натаму ќе се продава по 54 денари за литар, а Екстра лесното масло ЕЛ-1 по 42,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,988 денари за килограм и сега ќе изнесува 28,358 денари за еден килограм.

Причина за новите цени, според РКЕ е тоа што суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели се продавала по пониска цена, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.
 

Содржината е прочитана 150 пати.