Бизнис вести

Расте бројот на превезени патници

Во третиот квартал годинава е забележано зголемување на бројот на превезени патници и во патничкиот и во авиосообраќајот, додека кај железничкиот има намалување од 23,6 проценти

петок, 24 ноември 2017

Расте бројот на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал од годинава бројот на превезени патници во патничкиот превоз е зголемен за 11,8 отсто, а во авионскиот за 19,5 проценти. Затоа, пак, намалување и тоа за 23,6 отсто е забележано кај железничкиот и за 5,5 проценти кај градскиот и приградскиот превоз.

Споредено со претходниот квартал, во овие три месеци се превезле повеќе патници само во авионскиот превоз и тоа за 39,4 отсто, додека во сите други типови превоз бројот на патници е помал. Така, во патничкиот сообраќај биле превезени за 0,7 отсто помалку патници, во градско-приградскиот за 21,1 процент, а во железникиот за 3,1 отсто помалку отколку во претходните три месеци годинава.

Во третото тримесечје оваа година, во споредба со истиот период лани, количеството превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 5,2 отсто, во воздухопловниот за 10,2, додека во железничкиот е забележано зголемување за 1,4 отсто.
 

Содржината е прочитана 130 пати.