Бизнис вести

Просечна нето плата во септември 23.229 денари

Исплатената плата била за 4,7 отсто повисока од платата во септември лани

среда, 22 ноември 2017

Во септември била исплатена просечна нето плата во износ од 23.229 денари, што е за 4,7 проценти повисока плата во споредба со септември минатата година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека има зголемување од 4,6 отсто во однос на ланскиот септември и кај просечната бруто плата, која годинава изнесувала 34.127 денари.

Зглемувањето се должи пред сé на покачувањето на платата во секторите Уметност, забава и рекреација, Преработувачка индустрија и Рударството и вадење на камен.

Во септември годинава, еден процент од вработените во Македонија не зеле плата.
 

Содржината е прочитана 188 пати.