Бизнис вести

Ќе се укине роамингот помеѓу Македонија и Бугарија

Најверојатно роамингот ќе биде укинат на почетокот на наредната година

среда, 22 ноември 2017

Роамингот меѓу Македонија и Бугарија ќе биде укинат најверојатно во наредната година. Владата на Бугарија треба да го одобри Предлог-меморандумот за разбирање потпишан меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Македонија, со кој се овозможува намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Со потпишување на меморандумот ќе им биде дадено зелено светло на мобилните оператори за намалување на цените на разговорите, на СМС-пораките и на интернетот во телефонскиот сообраќај меѓу двете земји.

Бугарскиот министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации, Ивајло Московски соопшти дека роамингот со Македонија ќе биде укинат за неколку месеци. Според него, реално е да се очекува укинување на роамингот меѓу Бугарија и западнобалканските држави за време на нејзиното претседавање со ЕУ во првата половина на 2018 година.
 

Содржината е прочитана 139 пати.