Бизнис вести

Биткоинот надмина 8.000 долари

Новиот рекорд доаѓа само неколку дена откако криптовалутата се спушти на ниво под 6.000 долари

вторник, 21 ноември 2017

Биткоинот повторно постигна нов рекорд надминувајќи ја границата од 8.000 долари. За прв пат во својата историја достигна цена од 8.285 долари.

Криптовалутатаво последниве месеци постојано ги руши сопствените рекорди.

Дигиталната валута, која судејќи по вредноста ќе биде криптоверзија на златото, во јануари ја започна годината со цена од 800 долари, а сега веќе достигна 10 пати поголема вредност. Новиот максимум дојде откако на почетокот на минатата недела криптовалутата се спушти под 6.000 долари, за неколку дена подоцна да се пробие до рекорно високо ниво.
 

Содржината е прочитана 169 пати.