Бизнис вести

„Алибаба“ купува акции во „San Art Retail Group“ за 2,9 милијарди долари

Со оваа трансакција интернет гигантот ќе добие 36,2 отсто од најголемиот трговски синџир продавници во Кина

вторник, 21 ноември 2017

Кинескиот гигант „Алибаба“ купува акции во најголемиот трговски синџир во Кина „San Art Retail Group“. Трансакцијата е вредна 2,9 милијарди долари. Со тоа „Алибаба“ ќе добие 36,2 отсто од малопродажниот синџир продавници, кој работи на околу 400 локации во Кина.

„Sun Art“ е многу добар синџир на снабдување, а нејзината стратегија за трговија се чини дека е новиот тренд за онлајн гигантите“, вели Џулија Пан од шангајската „UOB Kayhian“.

Трансакцијата се случува кратко откако „Алибаба“ достигна рекордна добивка во вредност од 25 милијарди долари за еден ден. Се смета дека овој интернет гигант сака да ги отвори границите во целост и кон офланј пазарот. Ова е последен потег во серијата договори што ги склучува со цел да навлезе во бизнисот на традиционалната продажба.
 

Содржината е прочитана 173 пати.