Бизнис вести

Македонија може да остане без сметководители за пет години

Мора да се подигне нивото на професијата, да се зголеми интересот кај младите и да се применат нови технологии за да се привлечат млади кадри

вторник, 21 ноември 2017

За пет години Македонија може да остане без сметководители. Доколку не се подигне нивото на професијата, не се зголеми интересот кај младите и доколку не се применат нови технологии, тоа дефинитвно ќе се случи. Ова беше речено на прес конференција во Стопанската комора на Македонија.

Во државата има речиси 7.200 сметководители од кои 75 проценти се жени. Просечната возраст е 55 години. Сметководство има голем проблем да обезбеди млади кадри, работи според стандарди од пред 15 години, а последни законски корекции се направени во 2008 година. Мора да се подигне нивото на професијата, да се унапреди за да се привлечат млади кадри. Од Здружението на сметководители велат дека има погрешни мислење дека сметководителит само седат во канцеларија, внесуваат трансакции и ги доставуваат до УЈП.

Ленче Папазовска, претседател на ИО на Стопанската комора на Македонија вели дека само 24 отсто од вкупниот број сметководители се до 35 годишна возраст. Таа апелира улогата на сметководителите да биде поактивна, тие стручно да ги разгледуваат финансиските извештаи и да прават анализи.

„Мора да се надмине проблемот со возрасната структура. Дополнително, сметководството како професија се уште не е доволно регулирано. Потребно е да се подигне на многу повисоко ниво, да се третира како професионална, аналитичка професија која на бизнисот ќе му овозможи носење соодветни, менаџерски одлуки“, вели Анета Трајковска од Стопанската комора на Македонија.

 

Содржината е прочитана 154 пати.