Бизнис вести

Македонските градежници со намалена работа во странство

Намалена е вредноста и на договорените и на извршените градежни работи и тоа, пред се во Босна и Херцеговина

петок, 17 ноември 2017

Македонските градежници ја намалиле работата во странство. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во деветте месеци од оваа година е намалена и договорената и извршената работа на странските градежни пазари. Односно, во периодот јануари – септември 2017 година вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6 отсто помалку во споредба со истиот период претходната година, додека вредноста на извршената градежна е помала за 38,8 проценти и изнесува 1.237.687.000 денари.

Особено драстично намалување на договорените и на веќе извршените градежни работи е забележано на моментално најголемиот пазар за нашата оператива, Босна и Херцеговина. Но, истовремено регистриран е зголемен обем на договорени проекти за реализација во Холандија и во Германија.
 

Содржината е прочитана 145 пати.