Бизнис вести

Почна откупот на тутунот

Треба да бидат откупени 26.500 тони тутун од над 28.000 кооперанти

четврток, 16 ноември 2017

Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Во над 160 откупни пунктови треба да бидат откупени 26.500 тони тутун од над 28.000 кооперанти.

Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен, па тутунарите очекуваат да се постигне повисока цена. Нивните очекувања се дека просечната откупна цена ќе биде над 200 денари за килограм, што е далеку повеќе од лани, кога тутунот се откупуваше по 196 денари за килограм. Од Сојузот на тутунски здруженија велат дека деветте откупувачи имаат банкарски гаранции дека ќе го платат откупениот тутун.

Откупната кампања се очекува да заврши до 20 февруари.
 

Содржината е прочитана 161 пати.