Бизнис вести

Акции на „Европа“ продадени за вкупно 33,3 милиони денари

Во блок трансакција вредна 32,7 милиони евра беа продадени и 3.000 акции на НЛБ Банка Скопје

среда, 15 ноември 2017

Македонската берза вчера имаше плоден ден. На пазарот на хартии од вредност се тргуваше со акции на „Европа“ и на НЛБ Банка.

Акциите на АД „Европа“ Скопје вчера беа едни од најбараните. Беа истргувани 12.000 акции по цена од 2.800 денари за акција и притоа беа извршени трансакции со вкупна вредност од 33,3 милиони денари. Односно, беа извршени три блок транскации со поединечни вредности од 22,3 милиони денари, 2 милиони денари за втората и 9 милиони денари за третата блок трансакција на акции.

Во блок трансакција, пак, вредна 32,7 милиони денари беа продадени 3.000 акции на НЛБ Банка АД Скопје по цена од 10.900 денари за акција, додека во блок трансакција вредна 5.060.000 денари се продадоа вкупно 2.300 акции на
Комерцијална банка по цена од 2.200 денари за акција.
 

Содржината е прочитана 214 пати.