Инфо

Се зголемува бројот на туристи и на ноќевања

Во септември годинава Македонија ја посетиле вкупно 104.120 туристи кои оствариле 242.719 ноќевања

среда, 15 ноември 2017

Бројот на туристите кои ја посетиле нашата земја во септември 2017 година е зголемен за 23,9 отсто во однос на септември претходната година, а бројот на ноќевања за 23,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември годинава Македонија ја посетиле вкупно 104.120 туристи кои оствариле 242.719 ноќевања. Бројот на домашните туристи е зголемен за 10,3 отсто, додека бројот на странските туристи е за 29,1 отсто поголем од септември лани.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари - септември 2017 година бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти во однос на истиот период 2016 година и тоа кај домашните туристи за 6,9 отсто, а кај странските е забележано зголемување за 23,7 проценти.

Во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,4 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,3, а кај странските за 22,6 отсто.

 

Содржината е прочитана 145 пати.