Бизнис вести

Пад на градежништвото

Во септември 2017 се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25,3 отсто помалку во однос на истиот месец претходната година

понеделник, 13 ноември 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2017 се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25,3 отсто помалку во однос на истиот месец претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува ‎3.575.789 илјади денари, што е за 29.7% помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење 141 или 63,5 проценти се за објекти од високоградба, 18 одобренија, или 8,1 процент се за објекти од нискоградба, а 63 одобренија, што е 28,4 отсто се за реконструкција.

Од вкупно 222 објекти, на 162 (73 отсто) инвеститори се физички лица, а на 60 објекти, или на 27 проценти инвеститори се деловни субјекти.

 

Содржината е прочитана 226 пати.