Бизнис вести

ММФ је преполови прогнозата за економски раст на Македонија за годинава

Растот е ревидиран од 3,2 на 1,9 отсто, а за наредната година се прогнозира 3,2 наместо 3,4 отсто како што беше првично прогнозирано

понеделник, 13 ноември 2017

Меѓународниот монетарен фонд ја преполови прогнозата за економскиот раст на Македонија до крајот на годинава и наместо 3,2 сега предвидува 1,9 отсто. За следната година растот ќе изнесува 3,2 отсто, наместо првично прогнозираните 3,4 проценти.

Во регионалниот економски извештај на ММФ се наведува дека инфлацијата во Македонија оваа година ќе биде 0,3 отсто, следната 2,6 проценти, а во 2019 година 1,9 отсто. Буџетскиот дефицит, пак, е прогнозиран на 2,3 проценти оваа година, односно, на 2,5 наредната и на 2,8 отсто во 2019 година.

Според ММФ, стапката на невработеност во Македонија ќе продолжи да паѓа, па од годинашните 23,4 отсто, ќе се намали на 23,2 проценти во 2018 и ќе достигне 23 отсто во 2019 година.
 

Содржината е прочитана 212 пати.