Бизнис вести

„Алибаба“ заработи 25,3 милијарди долари во еден ден

Рекордот е постигнат на 11 ноември, познат како Ден на самци, кога компанијата извршила 1,48 милијарди трансакции

понеделник, 13 ноември 2017

Кинеската компанија „Алибаба“ само во еден ден заработи 25,3 милјарди долари. Ова е нов рекорд на компанијата која е пандан на „Амазон“ и претставува 32 процентен раст во споредба со минатата година.

Рекордот е поставени на 11 ноември, познат како Ден на самци, споредлив со „Black Friday“ кога се во прашање продажбите. Сепак продажбата на Денот на самци е двојно повисока од комбинираната продажба на „Black Friday“ и „Cyber Monday“. За само 24 часа „Алибаба“ изврши 1,48 милијарди трансакции, пренесува „TechCrunch“. Парите од овие продажби не се директна заработка за „Алибаба“, компанијата заработува провизија од секоја продажба, односно мал процент од трансферот.

Секако „празникот“ доаѓа со куп поволности и големи попусти. Денот на самците е нов „празник“ кој започна пред околу 10 години.

Свој придонес во постигнување на рекордот, се вели во информацијата, освен огромниот интерес за онлајн профажбата, имал и растот на кинеската валута во однос на доларот.
 

Содржината е прочитана 252 пати.