Бизнис вести

Штрајкот во „Фени“ ставен во мирување

Бугарската „Енекод“ до понеделник треба до достави нова, повисока понуда за купување на комбинатот

петок, 10 ноември 2017

Штрајкот во кавадаречкиот комбинат „Фени“ е ставен во мирување до понеделник, за кога е закажано рочиштето за стечај, а бугарската компанија „Енекод“ треба да понуди повеќе пари за купување.

Ова е договорено на средбата меѓу Гранковиот и Синдикатот на „Фени“ со вицепремиерот за економски прашања, Ккочо Анѓушев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Бугарскиот инвеститор заинтересиран за „Фени“ се согласил деновиве да испрати нова понуда којашто ќе биде повисока од три милиони евра, колку што претходно им понуди на банките доверители.

Инаку, на комбинатот за производство на фероникел „Фени индустри“ му прети опасност од стечај доколку до понеделник не се појави сериозен инвеститор кој ќе го отплати долгот од 60 милиони евра. Освен бугарската „Енекод“, за „Фени“ се заинтересирани и швајцарски фонд и една француска компанија.

 

Содржината е прочитана 191 пати.