Бизнис вести

ЕЛЕМ ќе вложи 270.000 евра за проекти за обновливи извори на енергија

Средствата се доделуваат во рамки на проектот „CROSSBOW“ склучен меѓу Агенцијата за иновации и мрежи (INEA), формирана од Европската комисија и конзорциум од 24 партнери меѓу кои и ЕЛЕМ

петок, 10 ноември 2017

АД ,,Електрани на Македонија“ ќе вложи 270.000 евра во нови проекти и истражувања во областа на обновливите извори на енергија и нивната примена со цел да го зголеми уделот на електричната енергија добиена од обновливи извори во вкупното производство на електрична енергија.

Средствата се доделуваат во рамки на проектот „CROSSBOW“ склучен меѓу Агенцијата за иновации и мрежи (INEA), формирана од Европската комисија и конзорциум од 24 партнери меѓу кои и ЕЛЕМ.

Од компанијата соопштуваат дека целта на проектот е испитување на можностите за менаџирање различни видови обновливи извори на енергија и на можностите за складирање на енергијата добиена од нив, со што ќе се овозможи транснационален пазар на големо за електрична енергија.

Во однос на учеството во проектот „CROSSBOW“, АД ЕЛЕМ има цел да развие иновативен национален пазарен продукт, кој ќе биде достапен на сите учесници на пазарот на електрична енергија преку транспарентни и недискриминаторни утврдени правила и закони, што беше и нагласено на состанокот на учесниците во проектот што се одржа во Софија, Бугарија.
 

Содржината е прочитана 160 пати.