Бизнис вести

Граѓаните веќе нема да поднесуваат годишни даночни пријави

УЈП самостојно ќе ги прибира сите податоци за остварени приходи и електронски ќе ги доставува до граѓаните, кои ќе треба само да ги проверат

петок, 10 ноември 2017

Граѓаните веќе немаат обврска да поднесуваат годишна даночна пријава. Со измените и дополнувања на Законот за персонален данок на доход, што ги усвои Владата, сега тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или да ги корегираат информациите во пријавата.

Целата постапка ќе се одвива електронски. Имено, Управата за јавни приходи ќе има за обврска самостојно да ги прибере сите податоци за остварените приходи на сите физички лица, како уплати за данок на доход, издатоци, вкупниот прилив на средства и други основни податоци и истите компјутерски да им ги достави. Со ова, на секој граѓанин ќе му биде доделена лична лозинка преку која тој ќе има пристап до пријавата доставена од УЈП со цел да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи, истите ќе може сам да ги додаде.

Вообичаено за физички лица рокот за поднесување на даночни пријави истекуваше на 31 март.
 

Содржината е прочитана 196 пати.