Бизнис вести

Компанијата „Централ Азиа Металс и официјално стана сопственик на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица

„Централ Азија Металс“ ја купи команијата „Линкс Ресорсис Лимитед“ – поранешен сопственик на македонскиот рудник за 402,5 милиони долари

понеделник, 06 ноември 2017

Компанијата „Централ Азиа Металс“ (Central Asia Metals PLC), со седиште во Лондон, Велика Британија и официјално стана сопственик на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица, откако на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 проценти од „Линкс Ресорсис Лимитед“ (Lynx Resources Limited), поранешниот сопственик на рудникот.

Претходно, компанијата доби одобрение за аквизицијата од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Аквизицијата е извршена според правилата на Лондонската берза, на која котира „Централ Азија Металс“.

„Задоволни сме што процесот на аквизиција заврши успешно и што се отвора патот за успешно иднина на рудникот ‘Саса’. Веруваме дека со тоа ќе дадеме дополнителен поттик за севкупен развој на локалната заедница, но и на македонската економија“, изјави извршниот претседател на „Централ Азија Металс“, Ник Кларк.

„Централ Азија Металс“ ја купи „Линкс Ресорсис Лимитед“ за 402,5 милиони долари.

„Централ Азија Металс“ е компанија со големо оперативно искуство, а поседува 100 проценти од операцијата за бакар „Коунрад“ и 80 проценти од концесијата за истражување на бакар во Шаук, и двете во Казахстан.

 

Содржината е прочитана 165 пати.