Интервјуа

Интервју со профeсор. д-р Валентин Мирчески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

За да може еден организам да функционира правилно, секој дел од човечкото тело има потреба од вода. Таа го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, му помага на телото да се ослободи од отровите. Но, како последица на надворешни фактори, (индустриска храна, загадена животна средина, пушење, алкохол) и на внатрешни, кои се од психолошка природа, човечкиот организам го напаѓаат штетни радикали кои, доколку не бидат контролирани, предизвикуваат предвремено стареење, разни оштетувања и болести. Во одржување на природната рамнотежа на организмот и во неговата заштита од штетните радикали, а со тоа и во превенција од тешки болести, па дури и од канцер, може многу да помогне алкалната, таканаречена „жива вода“, а лековити својства има и сребрената вода, која е природен антисептик и антивирусен препарат. За тоа што, всушност, претставува алкалната вода, како се добива, како делува на организмот, колку е важно да се конзумира, но и за тоа на што се должат лековитите својства на сребрената вода, разговаравме со проф. д-р Валентин Мирчески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

понеделник, 06 ноември 2017

МАРИЛИ: Професоре Мирчевски, може ли да ни појасните што е тоа алкална вода, како се добива и кои се главните карактеристики?
МИРЧЕСКИ:
Како вовед, дозволете ми да напомнам дека водата е најважната супстанца на оваа планета, која ја обединува целокупната жива и нежива природа. Животот е создаден во вода, а нашето тело е главно „вода“, или, нашето тело опстојува во вода. Затоа велиме дека за човечкото здравје не постои ништо поважно од водата. Уште повеќе, ако ја погледнеме мистичната или религиозната литература, митовите, преданијата..., ќе видиме дека и таму водата е централна тема, што ни укажува дека водата е подеднакво важна и за состојбата на нашиот дух.
Најпрво, да појаснам неколку основни поими: алкално - значи спротивно од кисело. Алкалното го неутрализира киселото. Оттука, алкалната вода, како пронајдок на руските научници во минатиот век, треба да му помогне на човечкиот организам да ја одржи рамнотежата меѓу киселото и алкалното, што е од огромна важност за здравјето.
Алкалната вода се добива со краток електрохемиски третман на питката вода. Електрохемиската активација го менува составот и структурата на водата, при што водата добива невообичаено голема физиолошка активност. Покрај алкалност, вака третирана вода има и други, уште поважни особини кои ја прават да бидеречиси лековита. Затоа, алкалната вода во популарната литература се нарекува „жива вода“. Оттука доаѓа и огромниот интерес во светот за оваа вода. Во Јапонија, на пример, таа официјално се користи како лек.

МАРИЛИ: Какви својства има алкалната вода и какво значење имаза човечкиот организам нејзината употреба?
МИРЧЕСКИ:
Целокупниот начин на живот на модерниот човек ја нарушува природната кисело-базна рамнотежа во организмот и предизвикува негово закиселување. Алкалната вода треба да помогне во одржување на оваа рамнотежа, која е од суштинска важност за здравјето. Покрај тоа, човечкиот организам е нападнат од штетни радикали во прекумерни количини кои се последица на надворешни фактори (индустриска храна, загадена животна средина, пушење, конзумирање алкохол, прекумерна употреба на лекарства ит.н.) и внатрешни фактори кои се од психолошка природа и се поврзани со целокупниот начин на живот. Овие радикали, доколку не бидат контролирани, предизвикуваат предвремено стареење, разни оштетувања, и на крајот, болести. Во овој контекст, најважно е што оваа „жива вода“ има таканаречени антиоксидациски особини и таа е силен антиоксидант, односнозаштитник на организмот од споменатите штетни радикали.

МАРИЛИ: Колку често може да се конзумира, кога е најдобро и како треба да се пие алкалната вода?
МИРЧЕСКИ:
Пред да ви одговорам, дозволете најпрво да истакнам дека нашите научни истражувања на алкалната вода одеа во насока да откриеме која вода е најпогодна за алкализација. Испитавме голем број минерални води од поширокиот балкански регион, води од водоводните системи на разни градови, дури и води од планински извори, за да утврдиме која вода после третманот се претвора во „жива вода“. Денес знаеме која вода може најефикасно да се алкализира. Во нашата иновација направен е и чекор понатаму - после алкализацијата, додаден е и коктел од витамини и други есенцијални аминокиселини со многу ниска концентрација, но постигнат е многу висок и долгорочен антиоксидациски, заштитен ефект на водата.
Алкалната, антиоксидациска вода подготвена во нашата лабораторија треба да се консумира секојдневно. Најдобро е таа да се пие помеѓу оброците, кога не се активирани системите за варење на храната. Особено е важно да се пие наутро, половина час пред појадокот, за нејзината апсорпција да биде најбрза и ефектот да биде почувствуван од најголем дел на телото.

МАРИЛИ:Дали постои природна алкална вода?
МИРЧЕСКИ:
Постојат природни алкални води. Меѓутоа, тие води се алкални само заради постоење на определен вид растворени соли.Но, тие не се антиоксидациски води и се инфериорни во нивната заштитна улога против штетните радикали во човечкиот организам. Затоа, природно алкалните води не припаѓаат на категоријата „жива вода“.

МАРИЛИ: Која е разликата меѓу питката и алкалната вода, каква pH вредност имаат и дали може питката вода да се направи алкална?
МИРЧЕСКИ:
Хемиски чистата вода е неутрална. Во неа, степенот на киселост и алкалност е еднаков, паpH вредноста на хемиски чистата вода е 7. Доколку преовладува киселиот карактер, тогаш pH вредноста е помала од 7, а доколку преовладува алкалниот (или базен) карактер, тогашpH вредноста е поголема од 7. Водите за пиење не се хемиска чиста вода. Тие секогаш содржат определена ниска концентрација соли, кои ја определуваат pH вредноста која најчесто е блиска до вредноста 7.
Електрохемиски активираната алкална вода се добива од питка вода, а не од хемиски чиста вода и нејзината pH вредност може да биде меѓу 7 и 9.

МАРИЛИ:Што претставува сребрена вода и како влијае на човечкиот организам?
МИРЧЕСКИ:
Поволниот ефект на среброто врз здравјето на луѓето е познат од античко време. Раствори што содржат сребро,веројатно се најстар и најбезбеден антибиотик кој го познава човештвото. Технологијата за подготовка на раствори што содржат сребро е слична со онаа за алкалната вода, па оттука и темите „алкална“ и „сребрена“ вода се меѓусебно поврзани.Денес, во науката и медицината има огромен интерес за различни раствори што содржат благородни метали, посебно сребро и злато, заради нивната широка примена.

МАРИЛИ: Се зборува дека сребрената вода е природен антисептик и антивирусен препарат. На што се должат лековитите својства на сребрената вода?
МИРЧЕСКИ: 
Тоа е сосема точно. Постојат огромен број научни резултати кои укажуваат дека среброто има антибиогени особини, а речиси да нема никакво штетно дејство за човекот. Механизмот на делување е сложен и е во врска со влијанието на среброто на клеточните мембрани на микроорганизмите. Тоа е одлична алтернатива за лечење разни инфекции, превентива против вируси, за кожни инфекции, изгореници, за плакнење грло, белење заби, дезинфекција на рацете, за регенерација на оштетени ткива, поддршка на имуниот систем...


МАРИЛИ: Дали треба да се ограничи конзумирњето сребрена вода, зошто и на која количина?
МИРЧЕСКИ:
Ова е важно прашање и е директно поврзано со технологијата на подготовка на раствори што содржат сребро и со хемискиот вид на среброто во растворот. Не е пожелно во растворот да се наоѓаат соединенија на сребро, односно среброто да е во облик на наелектризирани честички наречени јони (јони се наелектризирани атоми). Во некои ретки случаи, кога во неумерено големи количини било конзумирано сребро во јонски облик, кога луѓе сами нестручно подготвувале такви раствори, се јавил козметички проблем наречен аргирија - потемнување на делови од кожата. Оваа непожелна појава, во статистичка смисла е незначителна (поретка) во споредба со многуте странични ефекти на билокој новосинтетизиран лек.
Сепак, препорачливо e користeње само на раствори што содржат елементарно сребро. Вакви раствори содржат многу мали честички од елементарно среброкои ние ги викаме наночестички. Тие имаат извонреден антисептичен ефект, а немаат никакво штетно дејство и од организмот се елеминираат за најмногу 24 часа.
Конзумирањето на сребрената вода зависи од нејзината концентрација. Потребна е консултација со експерт за определување на дозата што се внесува во организмот. Раствори што содржат 0,01 ppm (делови на милион) може да се внесуваат во оранизмот како превенива без посебни ограничувања.

МАРИЛИ: Дали има природни извори на србрена вода во Македонија и каде?
МИРЧЕСКИ:
Точно е дека во некои извори, од кои народот вели дека извира „лековита вода“, има ниски концентрации на сребро. Ние тоа го потврдивме и во нашата лабораторија. Вакви извори има во близина на Битола.

МАРИЛИ: Дали овие видови вода, алкална и сребрена може да се најдат на слободен пазар?
МИРЧЕСКИ:
Сите што се заинтересирани може да се обратат до лабораторијата за биоелектрохемија при Природно-математичкиот факултет и ниесо задоволство ќе подготвиме алкална вода, која ние ја нарекуваме ЕЛИКСИР, или растворот со сребро, наречен БИОАРГЕНТУМ. Со секој заинтересиран ќе дискутираме поединечно, за да се постигне најдобар можен ефект.
Нашиот „ЕЛИКСИР“ (алкална вода) се карактеризира со голем антиоксидациски потенцијал заради високиот квалитет на внимателно избраната минерална вода за алкализација, високиот квалитет на опремата и заради дополнителното обогатување на алкалната вода со биомолекули (есенцијални аминокиселини и витамини)
БИОАРГЕНТУМ, пак, е целосно различен од она што често се среќава на пазарот и е познато како „сребрена вода“. Тој раствор содржи само сребрени честички, а не јонско сребро, како и други биомолекули кои го прават антисептичен и антиоксидациски.

 

 

Содржината е прочитана 876 пати.